Извршниот комитет на УЕФА денеска го одобри новиот формат за клупски натпреварувања кои ќе почне од 2024 година.
Бројот на учесници во ЛШ ќе се зголеми од 32 на 36. Најголемата трансформација е во тоа што повеќе ќе нема групна фаза туку се воведува лига систем. Во таквата лига ќе биде направена ждрепка и секој учесник ќе добие по десет натпревари против различни противници, пет ќе ги одигра дома, а пет во гости.
Најдобрите осум екипи во лигата, автоматски ќе се пласираат во нокаут фазата, додека екипите од 9. до 24. место ќе играат плејоф за да изборат пласман во осминафиналето.
Слично ќе биде и во Лига Европа, во неа ќе има осум лига натпревари, а се формира у УЕФА Европа Конференс лига по ист принцип со шест лига мечеви. Верорјатно и овие две натпреварувања ќе имаат по 36 ученици.
Квалификувањето во ЛШ ќе биде отворено и ќе се заработува од перформансите во домашните натпреварувања како што беше и досега.
Ќе има и две вајлд карти, две места за клубови кои имаат највисок кокефициент во изминатите пет години, а не успеале да се квалификуваат во ЛШ по регуларен пат.