97
Претходно објавивме зошто не беше поништен третиот гол на Ајакс против Реал Мадрид, а сега за соопштението на УЕФА за досудениот пенал на Манчестер јунајтед во судиското продолжение.
„Судијата потврди дека дистанцата на топката која патуваше кон играчот не беше кратка со што се смета дека ударот не бил неочекуван. Раката на дефанзивецот не е прилепена до неговото тело, а тоа го прави телото на дефанзивецот поголемо што резултира со тоа топката да биде спречена во нејзиното патување. Затоа судијата покажа пенал“, се вели во соопштението на УЕФА.