УЕФА го казни Престијани за случајот со Винисиус!

by Стефан
1 минути читање

УЕФА изрече суспензија од шест натпревари за 20-годишниот фудбалер Џанлука Престијани поради хомофобично однесување за време на дуелот од Лига на шампиони меѓу Бенфика и Реал Мадрид.

Младиот аргентински крилен напаѓач веќе одработи еден натпревар од казната, додека три од вкупно шесте средби на суспензијата се условни и нема да стапат во сила доколку во следните две години не повтори сличен прекршок.

Од УЕФА истакнуваат дека одлуката е дел од засилената политика против дискриминација и несоодветно однесување на теренот, со цел зачувување на фер-плејот и почитта во сите нивни натпреварувања.

Инцидентот се случи за време на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кога Престијани влезе во вербален конфликт со Винисиус Жуниор, по што, според тврдењата, биле упатени навреди на расна основа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×