УЕФА бара исклучок за 2,500 ВИП лица за карантин, во спротивно финалето наместо на Вембли се сели во Унгарија

by
1 минути читање

УЕФА се заканува
дека финалето за Европското првенство наместо на Вембли, ќе може да се пресели
во Унгарија доколку не добие согласност од властите на Велика Британија да се
направи исклучок за 2,500 ВИП лица да не одат во изолација.

Предвидено е
Англија да биде домаќин на полуфиналната фаза, но и на самото финале, кое се
игра на 11 јули, меѓутоа рестрикциите на Островот прават проблеми за
предвидениот план на европската куќа на фудбалот.

„Тајмс“ пишува
дека министрите на Велика Британија веќе го разгледуваат предлогот за да се
направи исклучок за официјалните лица на УЕФА и ФИФА, политичари, спонзори,
радиодифузери, за да бидат исклучени од програмата за изолација при влез во
земјата.

Моментално,
законите на Островот налагаат изолација во времетраење од десет дена при секој
влез во земјата на лица кои доаѓаат од држави кои се на црвената
и портокаловата
листа
 на Велика Британија, а за работите да бидат на
лоша основа во моментов, сите тимови всушност се на портокаловата листа,
односно нивните земји, со исклучок на Турција која е на црвената листа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани