Удинезе ја продолжи добрата форма, Несторовски влезе во игра, па направија пресврт

by
1 минути читање

Удинезе покажува дека победата над Рома не беше случајност, тие денеска со три бода се вратија од гостувањето кај Сасуоло, а тоа за нив е четврти триумф по ред по кој се на четвртото место на табелата со само бод зад водечкото трио, Наполи, Аталанта и Милан.

Сасуоло поведе со гол на Фратези во 33. минута, но само десет минути подоцна Тресолди заработи црвен картон.

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски во игра влезе во 67. минута и потоа почнаа головите иако тој не беше стрелец, ниту асистент.

Бето во 75. минута израмни на 1-1, а Самарџиќ во 91. минута погоди за 2-1, минута подоцна Бето со својот втор гол ги постави конечните 3-1.

Болоња победи на свој прв меч без Синиша Михајловиќ, славеа над Фиорентина со 2-1.

Виолетовите поведоа во 54. минута со гол на Мартинез Карта. 

Пет минути подоцна Бароу израмни на 1-1, а во 62. минута Арнаутовиќ реализираше за победа од 2-1.

Лече и Монца одиграа нерешено, 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×