Уцената со која Јувентус ја натерал Фиорентина да го продаде Влаховиќ

by
1 минути читање

Душан Влаховиќ е
пред трансфер во Јувентус вреден 75 милиони евра (65 милиони евра, плус додатни
10 милиони евра) и ќе биде „бомбата“ во зимскиот преоден рок.

Фиорентина не сакаше
да го продаде Србинот на лутиот ривал, имаше побогати понуди од Премиерлигата (Њукасл,
Арсенал и Тотнем) но на крајот ги промени плановите.

Според Радио
Бруно Тоскана, ставот на челниците на „виолетовите“ бил променет синоќа кога од
таборот на Јувентус им испратиле уцена, мора да го купат Србинот до крајот на
месецот или ќе чекаат до 2023 година и ќе го ангажираат беспари.

Раководството на
Фиорентина не сакало да остане без 70+ милиони и да има 18 тензични месеци, па
морало да се помири со развојот на настаните и да прифати зделка со лутиот ривал.

Ролја во целата
ситуација одигра и самиот Душан Влаховиќ, напаѓачот и неговите агенти експресно
ги одбиваа сите предлози (се шпекулираше дека не сакале ниту да кренат телефон
на Арсенал). Одредени гласини велат дека агентите на Србинот од поодамна му дадле
збор на Јувентус, и ги увериле челниците на „старата дама“ дека Торино ќе биде
следната дестинација на голгетерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×