Убедлива победа на Барселона против Валенсија, два гола на Обамејанг (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Обамејанг покажа дека може да биде решение за нападот на Барселона, напаѓачот ја отвори „сметката“ во црвено-синиот дрес.

Тој погоди во 23. минута за водство од 1-0, а девет минути подоцна Френки де Јонг го зголеми водството на Барселона на 2-0.

Во 38. минута Обамејанг постигна и втор гол за Барселона за убедлива предност од 3-0 по првото полувреме.

По седум минути игра во вториот дел Солер намали на 3-1, но во 63. минута Педри ги постави конечните 1-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×