Минатото лето тој
„кумуваше“ на најскапиот трансфер во историјата и го врати Пол Погба на Олд
Трафорд во зделка вредна 105 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.
Од овој трансфер,
Мино Рајола „лапна“ неверојатна провизија од 27 милиони евра.
Зимскиот трансфер
пазар беше прилично мирен за Мино Рајола, но и покрај тоа контроверзниот агент
успеа да заработи пристојна сума на пари и тоа за многу краток период.
Неговиот клиент,
Омар Ел Кадури беше таксан во Трабзонспор по крајот на сезоната, но во
последниот ден од зимскиот преодниот рок, Наполи и Емполи си подадоа рака за трансфер
вреден 1,5 милиони евра.
И покрај тоа што
играчот имал пред-договор со клубот од Турција, на Мино Рајола му биле ветени
20% од сумата, односно 300.000 евра, па агентот средил неговиот клиент да
остане во Италија.