Убаво беше да се види враќањето на фановите на дел од стадионите во Англија, но клубовите од Лондон повторно ќе треба да ги затворат вратите за навивачите.
Во изминатата недела беше дозволено да имаат по 2.000 гледачи бидејќи се наоѓаа во второто ниво по бројоот на заразени луѓе, но во меѓувреме бројот е зголемен, по што англиските власти потврдија дека во наредните две недели нема да може да има навивачи на стадионите во Лондон.
Тоа значи дека екипите на Арсенал, Челси, Кристал Палас, Фулам, Тотнем и Вест Хем повторно ќе играат без публика.
„Разочарани сме што треба да потврдиме дека не можеме да примиме фанови на Емирати стадионот за нашиот дуел од Премиерлигата против Саутемптон во среда“, Арсенал преку соопштение ги информираше фановите.