151
Репрезентацијата на Шпанија соопшти дека Серхио Бускетс добил негативен тест на ковид-19 и се приклучил на соиграчите.
Тој ќе биде со селекцијата во Севиља, но нема да игра на утрешниот натпревар против Полска, се очекува Луис Енрике да почне да го користи од последниот меч во групната фаза, од дуелот со Словачка.
Бускетс доби позитивен тест на ковид-19 во финишот од подготовките на Шпанија за ЕП.