Со вечерашниот дуел меѓу Милан и Болоња од 20:45 часот на „Сан Сиро“ се отвора 36. коло во Серија А, а воедно ова може да биде и најава за финалето о Купот на Италија кое овие два тима ќе го одиграат в среда на „Олимпико“.
Но, покрај фудбалскиот аспект, натпреварот ќе биде обележан и со силна симболика и емоција. Фудбалерите на Милан и целокупниот клупски персонал ќе оддадат посебна чест на своите мајки по повод „Денот на мајката“, кој во Италија традиционално се одбележува во недела.
И како што тоа го направија минатата година, „росонерите“ ќе излезат на терен со моминските презимиња на нивните мајки на дресовите. Исто така, сите мајки на фудбалерите и членовите на клубот ќе бидат сместени во ВИП ложата на стадионот, додека официјалниот спикер ќе ги најавува играчите со мајчините презимиња.
Се најавува и составот со кој Милан треба да стартува во овој натпревар:
Мањан (Ј. Мањан); Томори (Содипо), Габија (Коломбо), Павловиќ (Павловиќ); А. Хименез (Санчез), Лофтус-Чик (Чик), Рејндерс (Лекатопмеси), Т. Хернандез (Лоренс); Пулишиќ (Харлоу), Жоао Феликс (Карла Феликс); С. Хименез (Золотарчук).
Фото: AC Milan/X