У21: Македонија со минимална победа над Финска

by
2 минути читање

Избраниците на
Благоја Милевски триумфираа во контролната пресметка со Финска која се одигра
во Трнава, Словачка, и тоа минимално со 1-0, а погодокот за победа беше
постигнат уште во раната фаза од мечот.

Ване Јованов уште
во 4. минута го постигна голот со кој и заврши натпреварот, нашите надежи имаа
шанси за дуплирање на водството во првиот дел, но истите не ги искористија, а
во второто полувреме исто така имаа иницијатива со која на крајот само го
задржаа посакуваното водство за победа.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/CKivp44erq

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/vjhyG3ray8

20 годишниот
репрезентативец од средниот ред, Димитар Митровски, кој инаку настапува за
Спортинг Лисабон (У23) по мечот, за официјалниот сајт на Фудбалската федерација
на Македонија издвои дека победата е заслужена а целиот состав одиграл одличен
натпревар.

Ќе додадеме дека
денеска контролен меч одигра и нашата фудбалска ререзентација за играчи до 19
години, таа пак триумфираше над Црна Гора со 2-0, а на полувремето на мечот во
Скопје резултатот беше 1-0 во наша полза, стрелци на погодоците беа Таири и
Тошевски.

Фото-вест:
Huuhkajat (Twitter)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани