56
Интернационалецот
од украинска Зорја, како и младински репрезентативец на Македонија, односно
капитен на селекцијата за фудбалери до 21 година, Агрон Руфати се здоби со
повреда на денешниот тренинг.
Со тоа, капитенот
на младите надежи отпадна од комбинација за гостувањето кај Израел во
претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство идната година,
каде шансите за пласман ни се сведени на минимални, рамни на чудо.
Мечот во Нетанја е предвиден да се одигра во четврток со почеток од 18 часот и 30 минути.
Фото-вест: sport1.mk