72
Уште две кола
преостануваат од квалификациите за пласман на Европското првенство идната
година, а избраниците на Благоја Милевски во овие моменти веќе го играат едниот
од последните два.
Бележиме една
доста несекојдневна ситуација пред стартот на мечот помеѓу Израел и Македонија,
откако истиот доцнеше поради позитивен тест на украинскиот судија Виктор
Копиевски.
По 20 минути
доцнење, мечот стартуваше, а уште во првата минута домаќините со голот на
Јосефи дојдоа до почетно водство од 1-0, а Чурлинов во 51. минута имаше одлична
можност да израмни, меѓутоа не беше успешен во ударот од белата точка.
Фото-вест: ffm.mk (архива)