У-21: Надежите ремизираа со Израел

by
1 минути читање

Избраниците на
Благоја Милевски одиграа 1-1 на гостувањето кај Израел во претпоследното коло
од квалификациите за пласман на Европското првенство идната година, а мечот
тргна доста лошо за нашите фудбалери кои примија гол уште во првата минута.

Јосефи беше
фудбалерот кој донесе почетно водство за домаќините, а во второто полувреме, по
само шест минути игра Чурлинов имаше можност да израмни на 1-1, меѓутоа беше
неуспешен во својот обид од белата точка.

Атанасов во 76. минута
донесе израмнувачки гол и тоа беше се
што сторија нашите надежи на ова гостување каде очајно им беше потребна
победа, и покрај фактот што шансите дури и во таква ситуација на едно коло до
крајот на квалификациите беа рамни на чудо.

Со ремито во
Израел, нашата селекција за играчи до 21 година останува на второто место во
групата „6“ со десет бода заостанување зад лидерот Шпанија, односно два бода
предност во однос на Израел, а квалификациите ќе ги финализираме со пресметката
против Црна Гора предвидена да се одигра идниот вторник на домашен терен.

Фото-вест: ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани