Леванте можеше да
му „откине“ два бода на фаворизираниот Реал Мадрид во дуелот кој се играше
викендов во шпанската Примера, но, Кралевите благодарејќи на непостоечки пенал
дојдоа до посакуваната победа.
Имаше доста
реакции за оваа контроверзна одлука на главниот арбитар од пресметката во
Валенсија, Игнасио Инглесиас, кој, и покрај тоа што се консултираше со ВАР
технологијата, не ја промени својата одлука, а реакција имаше и од градскиот
ривал на Реал, Атлетико Мадрид.
Пеналот за Реал Мадрид – ТУКА.
„Вечерта на
Оскарите започна на голем начин“ напиша Атлетико Мадрид на социјалните мрежи.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Од Атлетико
претходно беа и гневни на арбитражата во дербито со Кралевите, кои си заминаа
со победа од 1-3 на терен на противникот.