178
Андреа Пирло најверојатно ќе добие отказ по крајот на сезоната, па Јувентус треба да го одбере неговиот наследник.
Весникот од Торино близок до Јувентус, „Тутоспорт“, тврди дека Гатузо е една од опциите.
Според нив, Алегри можно е да стане тренер на Реал Мадрид, кралскиот клуб се мисли дали да го ангажира искусниот италијански стратег или да му даде шанса на Раул.
Зидан кој треба да го напушти Реал Мадрид, планира да земе една година одмор од фудбалот, па нема да биде опција за Јувентус.
Ако не може да ангажира некој од Алегри и Зидан, Јувентус ќе се насочи кон Гатузо кој веќе има понуда од Фиорентина, но повик од старата дама би бил далеку поатрактивиен.
