Турците со причина ја одбрале Македонија за противник – Монтела објасни зошто!

by riste
1 минути читање

Утре со почеток од 19 часот Турција и Македонија ќе одиграат пријателски натпревар во Истанбул, за Турците ова ќе биде една од главните подготовки пред Светското првенство.

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела денеска имаше прес-конференција на која меѓудругото откри и зошто Турците ја избрале баш Македонија за противник.

„Светското првенство е огромен турнир. Земјите добиваат шанса да ја покажат нивната фудбалска култура на теренот. Ние ја одбравме Македонија бидејќи мислам дека нивниот стил на игра е сличен на тој на Австралија. Мислам дека ова ќе биде сличен тест на мечот кој ќе го играме против Австралија на Мундијалот“, рече Монтела.

„Нашата цел на Светското првенство ќе биде првично да ја минеме групата, а потоа ќе одиме од натпревар за натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×