Турците ќе го обединат поранешниот тандем во нападот на Ливерпул?

by Стефан
1 минути читање

Дарвин Нуњез сака да ја продолжи кариерата во Трабзон, каде што би го пречекал својот поранешен соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах.

Еден од најдоверливите турски новинари, Јагиз Сабунчуоглу, објави дека Трабзон ги договорил личните услови со уругвајскиот напаѓач, па сега останува уште клубовите да најдат заеднички јазик околу обесштетувањето.

Нуњез во Ал Хилал пристигна како големо засилување од Ливерпул за сума од 53 милиони евра, но само една година подоцна очигледно не е во плановите на тренерот Симоне Инзаги.

Уругваецот во дресот на Ал Хилал одигра 24 натпревари, постигна девет гола и запиша пет асистенции. Токму затоа неговото име се најде на трансфер-листата, а интересот за него не недостасува.

Особено интересна е можноста повторно да игра со Салах. Египќанецот неодамна како слободен агент се пресели во Трабзон, па Нуњез би можел повторно да ја дели соблекувалната со својот поранешен соиграч од Ливерпул.

Турската Суперлига очигледно влегува во нова ера. Душan Влаховиќ го засили Бешикташ, Ромелу Лукаку пристигна во Фенербахче, а Трабзон сака да го донесе и Нуњез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×