561
Турците ги броеа
секундите за да ја запишат посакуваната победа над Црна Гора на свој терен,
меѓутоа и покрај фактот што имаа водство од 2-0, на крајот се задоволија само
со бод, откако гостинот целосно се врати на резултатски план.
Во самиот финиш
Црна Гора преку Радуновиќ постигна преубав гол од слободен удар, па иако беа
истечени предвидените шест минути продолжение, гостите имаа прилика да се
радуваат на бод еднаков на победа.
Турција останува лидер во конкуренцијата „Г“ од мундијалските квалификации со 8 освоени бодови, следат Холандија, Црна Гора и Норвешка со по 7, Летонија засега има 4, а Гибралтар е без бодови по четирите одиграни кола.