Турам: Имаше еден фудбалер во Барселона кој често не можеше да тренира, а спиеше во собата за масажи

by
1 минути читање

Лилијан Турам
имаше фантастична кариера, освојувајќи ги Светското првенство во 2000 година,
но и Еверопското првенство две години потоа со француската национална
селекција, а успешен беше и на клупски план.

Пензинираниот
дефанзивец говорејќи во интервјуто за францускиот весник „Л’Екип“ се осврна и
на некои интересни пикантерии, а имаше и една од периодот минат во редовите на
Барселона.

Не одев многу по
забави, навистина е тешко да одговорам на ова прашање
“ рече Турам запрашан за
тоа кој бил најголемиот љубител на забавите во составот на Каталонците.

Во Барселона
имаше еден фудбалер кој не би сакал да го именуван, но често не беше во можност
да тренира
“ додаде Французинот.

Некое утро сите
ќе го видевме како не беше во најдобро светло, а еднаш беше и заклучен во
собата за масажа, таму спиеше, луѓето кои често ги следеа тренинзите никогаш
нема да знаат за кого се работи
“ подвлече Турам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×