При резултат 1-1, Тимо Вернер пропушти неверојатна шанса против Македонија, беше во идеална позиција но се сплетка, потоа ние ги казнивме и го добивме мечот.
Многу критики отидоа на адреса на Вернер, но неговиот тренер во Челси, Томас Тухел го брани.
„Прво, тоа беше лошо додавање од Илкај Гундоган, јас така го гледам тоа“, вели Тухел.
„Тој промаши шанса и сега сите со пасија зборуваат за тоа, досадно е. Вистината е дека тој не стартуваше на три меча за Германија, па можеме ако има повеќе минути ќе постигнува и повеќе голови“.
„Лесно е да се покаже со прстот кон Тимо, не можам тоа да го разберам ниту да го прифатам. Среќен сум што се врати тука бидејќи тука е заштитен. Ние бараме многу од него, и добиваме многу од него“.
„Да, тој е во момент кога му фали самодоверба. Топката не го служи како што вообичаено го служи. Но работи напорно за нас“.
„Постигнува голови за нас, асистира, изнудува пенали. Па ако ова е најкритичната точка во неговата кариера, ќе го прифатите и ќе речете дека е прилично импресивно“.
„Вчера сакаше да има дополнителен тренинг, да тренира финиширање. Му реков, не ти треба тоа. Твоето тело, твојот мозок знаат како да постигнуваат голови. Тоа го правиш од шест години. Не се грижи, ќе повторно ќе дојдат головите. Најдобро е да работиш напорно и да бидеш бестрашен“.