Тухел со коментар за седумте допири со топката на Лукаку во текот на мечот со Кристал Палас

by
1 минути читање

Учинокот на
напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку во минималниот триумф кај Кристал Палас се
најде во центарот на вниманието откако Белгиецот запиша само седум допири со
топката во текот на сите 90 минути игра.

„Опта“ базирајќи
се на својата статистика за која води сметка од 2003 година па наваму во
Премиерлигата, ниту еден фудбалер кој одиграл цел натпревар немал таква очајна
бројка, а за сево ова беше запрашан и предводникот на Челси, Томас Тухел.

Сево ова се
рефлектира врз него, ќе го заштитиме
“ рече Тухел во пресрет на мечот со Лил во
Лигата на шампионите.

Секако дека ова
не е тоа што го посакуваме од Ромелу, сево ова ниту самиот тој не го посакува,
но истовремено не е момент да му се смееме за тоа, да правиме шеги од него

додаде германскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×