Тухел се предаде, не верува дека Челси може да го помине Реал Мадрид

by
1 минути читање

Челси го брани трофејот, но во Мадрид ќе имаат тешка задача да надополнат два гола негатива откако синоќа на Стемфорд Бриџ загубија со 3-1.

Тухел вели дека фокусот сега мора да биде ставен на Саутемптон со цел да се подобри играта бидејќи во спортивно ќе бидат понижени во Мадрид.

„Не треба да одиме во Мадрид, треба да одиме во Саутемптон и многу е важно да го сфатиме тоа. Клучно е да сфатиме дека одиме во Саутемптон. Ако продолжиме да играме вака ќе загубиме во Саутемптон а потоа ќе доживееме дебакл на Бернабеу“, вели Тухел.

„Ова беше тежок пораз. Тоа беше едно од најлошите први полувремиња кои сум ги видел од нас тука на Стемфорд Бриџ. И индивидуално и како тим бевме далеку од доволни. Беше далеку од нашиот стандард“.

„Додавање, каде додававме, како додававме, кога додававме, кога напаѓавме, поседот на топка… првото полувреме беше далеку од било какви стандарди кои сме си ги поставиле“.

Тухел на крај беше прашан: Дали дуелот е уште жив, дали имате шанси? Тој одговори: „Не“.

Но ваквиот одговор повеќе се толкува како израз на фрустрација отколку вистинско мислење. Тухел е Германец и сигурно верува дека Челси се уште има шанси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×