Тухел се изнервира: Не ме прашувајте за Абрамович, мојата работа на дневно ниво не се промени! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Поради санкциите на Велика Британија, Абрамович го отстапи Челси и веќе не е прв човек клубот. Па на денешната прес конференција Томас Тухел беше прашан какво влијание ќе има заминувањето на рускиог газда за него. Откако го одговори тоа прашање следуваше ново, какво влијание ќе има врз Челси, па Германецот замоли да не го прашуваат повеќе нешта кои немаат врска со неговата работа.

„За мене како тренер таа одлука не менува многу во дневните работи бидејќи јас секојдневно комуницирам со Петр Чех и Марина (директорката на Челси) за тоа како да го подобриме првиот тим, и тоа нема да прекине бидејќи тие остануваат на своите позиции и поради тоа на дневно ниво не менува кај мене многу таа одлука“, вели Тухел.

„Премногу е за мене да одговарам на вашите прашања за Абрамович, не знам многу детали, не сум свесен за целата ситуација. Сите сме согласни дека има ситуации кои се многу, многу поважни од фудбалот и тоа никогаш нема да се промени. Ситуацијата како војна е многу поважна од фудбалот, но не е мое да коментирам за г-дин Абрамович“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×