Саул Нигез во Челси е на позајмица од Атлетико Мадрид и се мачи да се прилагоди на играта на сините. Поради ситуацијата со ковид-19 која го зафати Челси, тој доби повеќе шанси да се покаже.
Челси е во лоша форма, а по ремито без голови со Вулвс, стигнаа нови критики на адреса на Саул.
„Ние ќе ги штитиме нашите фудбалери, јас секогаш ќе ги штитам. Во четвртокот тој играше како 6ка, како 9ка и како крило. Дали е тоа фер за него? Не не е“, вели Тухел.
„Против Вулвс одигра добро и генерално ние одигравме подобро бидејќи структурата беше подобра и дисциплината беше подобра. Саул беше важен дел за тоа“.
„Знам дека луѓето се разочаран по четвртокот, но реакциите се претерани и тоа е една од причините поради кои јас не сум инволивран на социјалните мрежи. Не можам да се грижам и за тоа. Се надевам дека Саул не чита, бидејќи зошто би ги читал таквите критики? Тој знае јас што мислам за него, знае што треба да направи за да напредува и прави се што може. Сега се бори, но ние се уште заедно работи да ја најдеме најдобрата верзија од него“.