Тухел сака да направи страшно дуo во нападот и да го спои Лукаку со Халанд

by
1 минути читање

Минатото лето, медиумите често го поврзуваа Челси со ангажман на Ерлинг Халанд, се шпекулираше со трансфер од 150 милиони евра. Сепак, „сините“ на крајот го купија Ромелу Лукаку од Интер во зделка вредна околу 115 милиони евра.

Во разговор со Билд, Томас Тухел сега открива дека неколку пати било разговарано за ангажман на Ерлинг Халанд и не ја исклучува можноста Челси повторно да се обиде да го ангажира напаѓачот.

„Дискутиравме за Халанд неколку пати во Челси. Но трансферот беше нереален. Секако дека редовно разговараме за него. Халанд да игра заедно со Лукаку? Немам ништо против ова. Ајде да видиме што ќе се случи во следниот период“ – вели Германецот.

Се верува дека во договорот на Ерлинг Халанд во 2022 ќе се активира откупна клаузула од 75 милиони евра, сума која е помала од цените кои ги диктира трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани