Тухел распали по судиите: Ова е шега, како би можеле да се бориме за титулата?

by
1 минути читање

Брајтон со гол на Велбек во 91. минута дојде до бод од гостувањето кај Челси кој загуби уште два бода во борбата за титулата.

По мечот Тухел истакна два спорни моменти, фаул врз Кристијан Пулишиќ за пенал по стартот на Џоел Велтман, и одлуката да досуди фаул од Маунт пред тој да даде гол во празната мрежа, непосрено пред израмнувачкиот погодок.

„Искрено, нормално никогаш не се жалам, но тоа беше 100 проценти пенал врз Пулишиќ и 50-50 за ситуацијата на Маунт пред да ја вметне топката во мрежата“, вели Тухел.

„Што му требаше на судијата да свирне пред топката да ја помине линјата? Имаме ВАР да провери. Зотш не може да почека и потоа да одлучи дали беше фаул или не? Толку ли е сигурен? Или сака да држи висока тензија?’.

„Што се однесува до пеналот, тоа е шега. Искрено шега е што ВАР не интервенираше“.

„Имаме седум случаи со ковид и четири – пет фудбалери кои се во аут шест или повеќе недели. Како да се бориме за титулата?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани