И покрај се што им се случува, фудбалерите на Челси продолжија да победуваат. Тренерот, Томас Тухел вели дека е важно да се задржи победничкиот дух.
„Секако дека ќе останам до крајот на сезоната, нема сомнеж во тоа“, вели Тухел.
„Гледаме од ден за ден бидејќи се може да се промени, но ситуацијата е јасна, клубот е на продажба и се надевам дека тоа ќе помине и работите ќе станат јасно. Сега има само шпекулации и јас немам некои поинакви информации од сите вас“.
„Ден за ден е добар начин да се живее животот и ние сме фокусирани да го правиме тоа бидејќи има работи на кои ние не можеме да влијаеме. На некои начини тоа не е убаво, но ви дава слобода да се фокусирате на работите на кои можете да влијаете, а тоа се нашите перформанси и да покажеме дух“.
„Фокусот е на првиот тим, но Челси е многу поголем од само првиот тим. Тоа е масивен клуб со огромна традиција и стотици и стотици луѓе и за нив е важно ние да покажеме дух“.
„Тоа што го прави Челси посебен е квалитетот и посветеноста од секој кој работи во зградата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.