Тухел откри што се случи со Канте, Челси и Франција може да здивнат

by
1 минути читање

Канте беше играч на мечот и на двата натпревари на Челси против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, тој е фудбалер за големи натпревари, па фановите на сините се исплашија кога видоа дека тој излегува од игра.

Пред Канте е финалето од ЛШ и Европското првенство, а според она што го кажа Тухел не се работи за ништо сериозно и фудбалерот ќе биде подготвен за следните предизвици.

„Нголо не е повреден. Тој ми рече и јас го сфатив. Излезе пред да се повреди. Почувствувал нешто во бутниот мускул и се исплаши дека може да се повреди ако продолжи да игра“, вели Тухел.

Можеби Канте ќе добие поштеда во последното коло од Премиерлигата против Астон Вила, но се верува дека сигурно ќе настапи на финалето од Лигата на шампионите.

Тој е клучен фудбалер и за француската репрезентација, па Дешам не би сакал да загуби играч како Канте пред настапот на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×