575
Лукаку треба да биде големо засилување за Челси, за разлика од првиот пат кога беше млад и неискусен, Белгиецот сега на Стемфорд Бриџ пристигнува во најдобрите години.
Тухел вели дека планот е Лукаку да дебитира на дербито против Арсенал кое се игра следниот викенд.
„Ромелу се уште е во карантин и ги следи прортоколите. Тој излегува во понеделник и ќе ни се приклучи на тренинзите, ќе игра против Арсенал во следното коло. Таков е планот“, вели Тухел.
Челси денеска против Кристал Палас на свој терен ја почнува новата сезона во Премиерлигата.