Тухел објасни зошто го исфрли Лукаку од тимот: Работата отиде предалеку

by
1 минути читање

По контроверзното интервју на Лукаку, Тухел реши да не го повика напаѓачот за денешниот дуел со Ливерпул. Пред почетокот на мечот Германецот откри зошто го направил тоа.

„Работата отиде предалеку, создаде премногу врева, мечот е премногу блиску па решив да ги заштитам подготовките за натпреварот и решив тој да не игра“, вели Тухел.

„Се разбира дека зборувавме, двапати со главните фудбалери, но потоа сфативме дека е премногу блиску мечот, а работата отиде предалеку“.

„Ја одложивме одлуката за тоа што ќе правиме понатаму, но додека не решиме, требаше да ги заштитиме подготовките за мечот, имаме голем натпревар за играње. Целосниот фокус треба да е на натпреварот“.

„Според мене полесно беше да се фокусираме доколку тој не е во составот и затоа го направив тоа. Одлуката беше тешка, но според мене таа требаше да биде токму таква“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×