Сините го победија Јувентус и го преземаа врвот во групата. Тимот на Тухел доминираше на Стемфорд Бриџ и полесно од очекувањата дојде до трите бода.
„Сакавме да останеме смирени, но во исто време да не заспиеме. Сакавме да го подигнеме ритамот и интензитетот. Тешко е да се креираат шанси и да се постигнуваат голови, но креиравме многу. Ова беше неверојатен перформанс и фантастичен резултат“, изјави задоволниот Тухел по мечот.
„Бевме поостри отколку во Торино, преземавме повеќе ризици, нешто што ни недостасуваше таму. Но само со контрола на играта не можеш да ги загрозиш нив, треба да пенетрирате со трчања без топка. Бевме многу добри во тоа и постигнавме убави голови“.
„Свесен сум дека направивме многу добра работа на теренот која и не може да се види, а и се браневме навистина одлично“.
Пех во победата беа само повредите на Канте и Чилвел.
„Чилвел почувствува остра болка во коленото. Нголо го превитка коленото малку. Ќе видиме за што се работи по тестовите. Тие се многу тажни бидејќи Нголо беше многу добар до пред да излезе, а и Чилвел беше во фантастичен момент“.