Тухел: Не ми се допадна тоа што го кажа Лукаку, ќе зборам со него зад затворени врати

by
1 минути читање

Лукаку синоќа се отвори и кажа работи кои ниту еден тренер не би сакал да ги слушне. Тој рече дека не игра често бидејќи Тухел има други замисли, а потоа зборуваше за љубовта кон Интер.

„Да бидеме искрени, не ми се допадна тоа бидејќи предизвикува врева која не ни е потребна. Лесно да ги извадите работите од контекст, секако дека не ми се допадна тоа, тоа е врева која не ни треба и не ни помага“, вели Тухел за изјавите на Лукаку.

„Со Лукаку ќе зборувам зад затворени врати. Изненаден сум бидејќи не го гледам несреќен, напротив“.

„Ќе видиме, ќе се обидеме да разбереме што се случува со Лукаку, но тоа нема да има одраз на дневите работи“.

„Кога сте толку голем фудбалер како Лукаку, сигурно знаете што може да предизвикаат ваквите изјави кога ќе ги кажете“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×