Шефот на
стручниот штаб на Челси, Томас Тухел признава дека преферира неговите избраници
да се соочат на теренот со Реал Мадрид, отколку со Ливерпул во полуфиналето од
Лигата на шампионите.
„Сините“ од
Лондон за прв пат по 2014 година успеваат да се најдат во четирите најдобри
екипи, откако синоќа загубија минимално на свој терен од Порто, а прогресираа
поради претходната победа на гости со 0-2.
„Генерално, јас
не сакам да играм против екипи од иста лига во Лигата на шампионите, сето тоа
носи поголемо чувство за едно европско натпреварување, тоа е единствената
причина“ рече Тухел навестувајќи дека сигурно ќе го гледа реваншот помеѓу
Ливерпул и Реал Мадрид откако на гости „Редсите“ загубија со 3-1.
„Се’ е можно, Ливерпул е доста силна и
квалитетна екипа, особено на домашен терен, ќе играме против тој противник што
ќе го добиеме, ова е добра ситуација за нас“ додаде германскиот фудбалски
стратег.