Тухел не е задоволен: Требаше да победиме

by
1 минути читање

Челси одигра 1-1 на гостувањето кај Реал Мадрид, резултат кој би го посакале пред мечот, но во првото полувреме промашија неколку убави шанси, особено Вернер, па Тухел е незадоволен.

„Многу, многу добро го почнавме мечот, многу агресивно, со многу квалитет. Заслуживме да го добиеме првото полувреме, имавме многу шанси, многу полушанси каде ни фалеше прецизност на последната топка за да создадеме уште повеќе шанси“, вели Тухел.

„За жал примивме гол од преин, но не можевме да направме ништо повеќе во таа ситуација, не им дозволивме други шанси. Разочарувачки е бидејќи резултатот на полувремето требаше да биде друг“.

„Најважно е да останеме смирени и да не ја загубиме самодовербата. Треба да живееме со овие 1-1“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани