67
Тухел вели дека во ПСЖ не ги менаџирал само фудбалерите, туку и нивните пријатели и семејства. Во Челси наишол на многу понормална средина во која нема играчи кои му создаваат проблеми.
„Во Париз се чувствував како министер за спорт, не како тренер. Таму морав да се грижам и за семејствата и пријателите на играчите, тука е сосема поразлично. Многу е полесно да работиш со Лукаку, да го тренираш него, отколку околу себе да ги имаш Нејмар и Мбапе. Тоа се две сосема различни ситуации“, рече Тухел.
Тухел откако замина од ПСЖ веднаш ја освои титулата во Лигата на шампионите со Челси.