151
Лукаку со новогодишното интервју кое го даде го разочара и Тухел и фановите на Челси.
Тој рече дека физички е спремен, но не игра често поради тактички замисли на Тухел, а кажа дека и со задоволство би се вратил во Интер.
Тухел јавно кажа дека е изненаден од интервјуто на Лукаку и воопшто не му се допадна тоа што го кажа напаѓачот.
Информациите од Англија велат дека Тухел ќе го исфрли Лукаку од тимот, а дали тоа ќе биде така ќе видиме за неколку часа. Денеска Челси го пречекува Ливерпул во големо дерби од Премиерлигата.