Тухел: Канте е нашиот Салах, нашиот Ван Дајк, нашиот Мбапе

by
1 минути читање

Синоќа Челси одигра 1-1 против Лестер иако имаше целосна доминација на мечот во сите 90 минути.

По натпреварот Тухел имаше посебни пофалби за Канте.

„Мислам дека тој е нашиот клучен играч, но клучните играчи треба да бидат на теренот, а тој одигра само 40 проценти од натпреварите. Канте е нашиот Мо Салах, Ван Дајк. Тој е нашиот Килијан Мбапе“, вели Тухел.

Можеби ова беше порака до новото раководство на Челси да му даде нов договор на Канте. Актуелниот му истекува во јуни 2023. Оваа сезона неколку играчи на Сините си заминуваат затоа што им е истечен договорот.

Минатата сезона кога Челси ја освои Лигата на шампионите, Канте беше играч на мечот на двата полуфинални натпревари, како и на финалето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани