Тухел го остави Лукаку да дреме на клупа, Хаверц и Пулишиќ донесоа победа за Челси (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Челси ја оправда
фаворитската улога и со 2-0 го совлда Лил на „Стемфорд Бриџ“. Резултатот беше
отворен во 8. минута, Хаверц скокна највиско по еден корнер и со глава ја
затресе мрежата на гостите за 1-0.

Дилемите околку
победникот беа решени во 63. минута, Канте одлично повлече од својата половина
и во право време го проигра Пулишиќ, кој ја префрли топката преку голманот за
2-0.

Ромелу Лукаку,
кој против Кристал Палас имаше само седум допири на топката, вечерва не доби
шанса, најскапото засилување во историјата на „сините“ мечот го преседе на клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×