Тухел денеска ќе има состанок со Лукаку по кој ситуацијата ќе стане многу појасна

by
1 минути читање

Според Фабрицио Романо, Тухел рано денеска ќе одржи состанок со Ромелу Лукаку на кој напаѓачот ќе треба да ги објасни своите ставови дадени во интервјуто, а потоа ќе се бара начин како да се врати во тимот.

По вчерашниот меч против Ливерпул, Тухел изјави дека секогаш има начин за враќање назад.

„Тој е наш фудбалер, секогаш има начин за враќање назад. Ќе го расчистиме тоа зад затворени врати. Кога ќе ја донесеме одлуката, кога Лукаку ќе знае, тогаш веројатно и вие ќе добиете информација кога ќе се врати во тимот“, им кажа Тухел на новинарите.

Информациите велат дека Челси нема намера да го продаде Лукаку во јануарскиот преоден рок, па приоритет во разговорите ќе биде смирување на ситуацијата и негово враќање во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×