Арсенал бргу се врати на водечката позиција во Премиер лигата, откако ја забележа шестата сезонска победа во деветтото коло.
„Топчиите“ се радуваа во малото лондонско дерби против Фулам на „Крејвен Котиџ“ со минимални 0-1 (0-0). Фаворитот беше доминантен, имаше доста шанси, ама на крајот успеа да постигне само еден гол кој му ги донесе трите бода.
Во првиот дел немаше премногу возбудувања, се закануваа Хари Вилсон за домашните и Виктор Ѓокереш за гостите. Откако немаше голови во првиот дел, резултатот беше отворен во 59. минута. Букајо Сака изведе корнер, топката ја допре Габриел и ја префрли на втора статива до Леандро Тросар кој стрела за 0-1. Во продолжението наместо Фулам да притисне, Арсенал рутински го задржа притисокот и на крајот триумфира.
Арсенал по осум кола има 19 бода и е првопласиран, Манчестер Сити има 16 на второто место, додека Ливерпул со 15 е третопласиран, ама има и натпревар помалку.