88
Италијанските медиуми пишуваат дека Пирло наскоро може да добие отказ, во најдобрата варијанта за него би било да ја заврши сезоната.
Најмногу што може да направи Јуве до крајот на оваа сезона е да го освои Купот на Италија и да обезбеди место во Лигата на шампионите, нешто што не ги прави среќно првите луѓе на клубот. минатите тренери добиваа откази и со освојување на Серија А.
Според италијанските медиуми, Јувентус нема да оди далеку во потрагата по нов тренер, кандидати за наследник на Пирло се Џан Пјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети.
Како четврта опција се посочува Масимо Алегри, но тоа што не е во добар однос со Недвед и Паратичи значително му ги намалува шансите.