397
Се верува дека следната сезона Наполи ќе има нов тренер без разлика дали тимот ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.
Неговиот однос со Де Лаурентис не е добар и во моментов разделбата се чини неминовна.
„Скај Спорт Италија“ извади листа со тројца кандидати за наследник на Гатузо.
Најмногу шанси му се даваат на Лучијано Спалети, но другите две имиња се изненадување за јавноста бидејќи претходно не беа посочувани.
Станува збор за тренерот на Лил, Кристофер Галтие и тренерот на Специја, Винченцо Италијано кој го однесе тимот во Серија А и го одржува високо горе на табелата.