Тројца фудбалери на Јувентус биле фатени на забава, следуваат казни од клубот

by
0 минути читање

Ла Стампа информира дека Вестон Мекени организирал домашна забава на која присуствувале Дибала, Артур и некои други негови пријатели.

Соседите откако сфатиле дека има забава до нив, пријавиле во полиција која брзо пристигнала.

Во прво момент никој не сакал да им ја отвори вратата, дури по повеќе од еден час успеале да влезат, внатре ги нашле тројцата фудбалери и други луѓе.

Секој од присутните ја добил вообичаената казна од 400 евра по човек, но информациите влат дека Јувентус дополнително ќе ги казни тројцата играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани