Трој Дини е
легенда на Вотфорд, пристигна во 2010, одигра преку 400 натпревари и постигна
140 погодоци. Но неговите почетоци во дресот на „стршлените“ не се баш
најдобри, во својата автобиографска книга, напаѓачот раскажува како често се
пијанчел, а знаел и да биде инволвиран во тепачки.
„Кога направив
трансфер од Валсал во Вотфорд, од голема риба во мала бара, станав полноглавец
во езеро“ – пишува Трој Дини. „Мислев дека ќе бидам главен човек, но тимот
добро играше и без мене. Колку повеќе чекав, толку полошо стануваше“.
„Се уште живеев
во Челмсли Вуд во Бирмингем и се уште висев со старото друштво, но сега имав повеќе
пари. Можев 4-5 пати во неделата да се опијанам, и да бидам доволно фит да го
дадам максимумот на 10 или 15 минути на крајот од натпреварот“.
„Излегував од
ноќен клуб во Бирмингем, го фаќав возот во 4:30 наутро за Вотфорд, ќе преспиев
неколку часа во автомобилот и ќе се појавев на тренинг“.
„Еднаш месечно излегувавме
во различен град. Една вечер во Лидс, добив флаша во глава при една тепачка.
Мојот најдобар другар, Марк Вилијамс со автомобил ме однесе до тренинг центарот на Вотфорд за да се појавам на време на тренинг. Веднаш влегов под туш за да ја тргнам
крвта од косата. Не сакав да му објаснувам на тренерот што ми се случи, па кога
игравме тренинг натпревар влегов во еден воздушен дуел со Томи Алдред, кој беше
голем дефанзивец. Се наместив за да се удриме глава со глава, и веднаш паднав
на теренот. Докторот ме прегледа, ја виде исекотината и ме соши без никој да
знае што навистина се случи“.