Трипие ги одигра сите минути во Ла Лига оваа сезона но сега ќе паузира 10 недели поради обложување

by
1 минути читање

Проблеми за Диего
Симеоне, стратегот во следните два ипол месеци нема да може да смета на десниот
бек Киран Трипие, кој до овој момент ги одигра сите минути во Ла Лига.

Англичанецот се најде
на тапет кај ФА поради обложување, тој ги отфрли обвинувањата, но независна
комисија денеска пресуди дека Киран Трипие е виновен по четири  од седум точки и го казни
со 10 недели суспензија и парична глоба од 70.000 фунти.

Детали не се
откриваат, но прекршокот е сторен во јули 2019, кога тој го комплетираше
трансферот од Тотенхем во Атлетико. Киран Трипие сега ќе паузира до крајот на февруари и ќе пропушти најмалку 14 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×