Тричковски: Никогаш не ни недостасувала мотивација, првото место е императив

by
1 минути читање

Македонија утре со почеток од 18 часот во Кипар игра против Ерменија во клучниот натпревар за пласман во Лига Б од Лигата на нации. Доволен ни е и бод за да ја оствариме целта.

Иван Тричковски кој погоди против Естонија, ќе биде стартер и на мечот против Ерменија.

„Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се за да забележиме добар резултат. Се чуствувам покомфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, немаме публика но имамаме императив – прво место”, изјави Тричковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани