Тричковски: Не треба да мислиме многу на Летонците, важно е како ние ќе одиграме

by
0 минути читање

Македонија утре (понеделник) со почеток од 20:45 часот гостува кај Летонија во квалификациски меч.

Се очекува Иван Тричковски да биде во стартниот тим на овој натпревар за разлика од мечот во Израел кој го преседе на клупата.

„Знаеме каков квалитет имаат Латвијците, но важен ни е нашиот настап. Ако мислиме премногу на нашиот ривал, си ги компликуваме работите. Затоа, мислиме како ние да одиграме најдобро. Очекувам многу од самиот себе, па потоа да се ставам во својство на тимот. Еден инвидуалец не може ништо без тимот“, изјави Тричковски. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани