Тричковски и Ристевски поради повреди нема да играат против Грузија

by
0 минути читање

Иван Тричковски поради поголем хематом на левата надколеница го пропушти и натпреварот против Ерменија. Тренираше сам, но не успеа да се рехабилитира навреме ниту за мечот со Грузија.

Кире Ристевски кој беше стартер на минатиот меч, има истегнување и хематом на адукторот на десниот бутен мускул поради што и тој отпаѓа за дуелот со Грузија.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра во вторник со почеток од 18 часот.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани